Индустријата користи изворска вода, а ја испушта во канализација

Од испуштените отпадни води од индустријата дури 92 проценти оди во јавна канализација, пет проценти во земјата и три проценти во акумулации, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупното количество користена вода во 2016 година изнесува 3.699 милиони метри кубни. Од вкупно испуштените води, пречистени се 0,34 проценти. Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество е од изворски води 71,86 отсто.

Вкупното количество зафатена вода од индустриските претпријатија во 2016 година изнесува вкупно 3.709 милиони меетри кубни, при што секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 98,96 отсто, соопшти Држаниот завод.