„Игра на тронови“ со рекордни 32 номинации на „Еми“

Серијата „Игра на тронови“ на „Ејџ би о“ постави нов рекорд за добиени најмногу номинации на „Еми“ во една година.

Покрај номинацијата за најдобра драмска серија, уште неколку индивидуални номинации добија и членовите на актерскиот тим: Кит Харингтон, Емилија Кларк, Питер Динклаџ, Николај Костер-Валдау, Алфи Ален, Лина Хиди, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер, Гвендолин Кристи и Карис ван Хутен.

Во продолжение, дел од листата на номинации во повеќе категории:

Најдобра драмска серија
„Подобро јавете му се на Сал“ (Еј ем си)
„Телохранител“ (Нетфликс)
„Игра на троновите“ (Ејџ би о)
„Убивањето на Ева“ (Би би си Америка)
„Озарк“ (Нетфликс) „Поза“ (Еф екс)
„Наследство“ (Ејџ би о
„Ова сме ние“ (Ен би си)

Најдобра серија-комедија 

„Бери“ (Ејџ би о)
„Флибег“ (Амазон)
„Доброто место (Ен би си)
„Прекрасната госпоѓа Мејзл“ (Амазон)
„Руска кукла“ (Нетфликс)
„Шитс Крик“ (Поп)
„Потпретседателка“ (Ејџ би о)

Најдобра кратка серија 

„Чернобил“ (Ејџ би о)
„Бегство од Данемора“ (Шоутајм)
„Фоси/Вердон“ (Еф екс)
„Остри предмети“ (Ејџ би о)
„Кога ќе нè видат“ (Нетфликс)

Најдобар ТВ филм 

„Црно огледало: Бандерснач“ (Нетфликс)
„Брегзит“ (Ејџ би о)
„Дедвуд: Филм“ (Ејџ би о)
„Кралот Лир“ (Амазон прајм)
„Мојата вечера со Херви“ (Ејџ би о)

Најдобар актер во главна улога во драмска серија 

Џејсон Бејтман, „Озарк“
Стерлинг К.Браун, „Ова сме ние“
Кит Харингтон, „Игра на тронови“
Боб Оденкирк, „Подобро јавете му се на Сал“
Били Портер, „Поза“
Мило Вентимиглиа, „Ова сме ние“

Најдобра актерка во главна улога во драмска серија 

Емилија Кларк, „Игра на троновите“
Џоди Комер, „Убивањето на Ева“

Вајола Дејвис, „Како да се извлечеш со убиство“
Лора Линеј, „Озарк“
Менди Мур, „Ова сме ние“
Сандра Оу, „Убивањето на Ева“
Робин Рајт, „Куќа од карти“

Актер  во главна улога во комедија 

Ентони Андерсон, „Црнести“
Дон Чедл, „Црн понеделник“
Тед Дансон, „Доброто место“
Мајкл Даглас, „Комински методот“
Бил Хадер, „Бери“
Јуџин Леви, „Шитс Крик“

Актерка во главна улога во комедија

Кристина Апелгејт, „Мртов за мене“
Рејчл Броснахан, „Прекрасната госпоѓа Мејзл“
Џулија Луис-Дрејфус, „Потпретседателка“ Наташа Лион, „Руска кукла“
Кетрин О’Хара, „Шитс Крик“
Фиби Валер-Бриџ, „Флибег“

Актер во главна улога во кратка серија или ТВ филм 

Махершала Али, „Вистински детектив“
Бенисио Дел Торо, „Бегство од Данемора“
Хју Грант, „Баш англиски скандал“
Џаред Харис, „Чернобил“
Џарел Џером, „Кога ќе нè видат“
Сем Роквел, „Фоси/Вердон“

Актерка во главна улога во кратка серија или ТВ филм 

Ејми Адамс, „Остри предмети“
Патриша Аркет, „Бегство од Данемора“
Џои Кинг, „Дејствување“
Ниси Неш, „Кога ќе нè видат“
Мишел Вилијамс, „Фоси/Вердон“
Онијони Елис, „Кога ќе нè видат“

Само „Ејџ би о“ заработи вкупно 137 номинации, постигнувајќи личен рекорд за најмногу номинации за една мрежа во една година. На второ место е „Нетфликс“ со 117 номинации, а по него се најдоа „Ен би си“ со 58 и „Амазон“ со 48 номинации.

Целата листа со номинации можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Доделувањето на „Еми“ наградите ќе се одржува на 22 септември.