„ИБМ“ повеќе нема да нуди технологија за препознавање на лицето поради антирасистичките протести

Во писмо испратено до Конгресот, генералниот директор на „ИБМ“, Арвинд Кришна нагласил дека компанијата „повеќе нема да нуди софтверски услуги, односно технологија за препознавање на  карактеристиките на лицето“.

„„ИБМ“ силно се спротивставува и не користи никаква технологија, вклучувајќи технологија за препознавање на лицето, за масовно шпиунирање, расно профилирање, злоупотреба на основните човекови права и слободи, или за некоја друга намена која не се согласува со нашите принципи на верба и транспарентност“.

„Ние веруваме дека сега е добар момент за да започнеме национален дијалог за тоа дали и како технологијата за препознавање на лицето треба да биде користена од страна на орханите за национална безбедност“.

Кришна истовремено истакнал дека полицијата треба да е попристапна и ги признава своте грешки, но и да ги шири можностите во обоените заедници преку работни места кои бараат специјални вештини, но не бараат традиционално универзитетско образование, како на пример, сајбер безбедност и програмирање, две сфери од областа на интерес на „ИБМ“.

Технологијата за препознавање на цртите на лицето често е критикувана поради проблеми со приватноста, често бидејќи софтверот непропорционално ги идентификува луѓето од обоените заедници.

На почетокот од оваа година, власта беше предупредена поради „лажни препознавања“, случаи во кои невини граѓани беа препознаени како криминалци, но тоа не ја спречило власта и понатаму да ја користи технологијата.

Во минатото, компанијата „ИБМ“ била критикувана поради начинот на развивање на технологиите за препознавање на лицето. Само минатата година, „ИБМ“ објавила колекција од скоро еден милион фотографии од „Фликр“ кои биле користени за да се тренира алгоритамот.

Сепак, компанијата не ги известила оние кои биле фотографирани дека постојат нивни фотографии „со обележани детали, вклучувајќи и геометрија на лицето и тонот на кожата“, а директорката на АИ одделот Мередит Витакер, истакнала дека во тоа време, начинот на кој била злоупотребена приватноста на луѓето, потенцијално можела да биде искористена во опресивни акти против заедниците.

„ИБМ“ не е единствената компанија што неодамна беше критикувана за употребата на технологија за препознавање на лицето. Амазон, кој даде изјави за поддршка на движењето „Black Lives Matter“, продолжува да произведува и подготвува софтвер за препознавање на лицето на полицијата и како таков е осуден за давање „празни изјави“.

Извор: Independent