И Сингапур започна со иницијативата „ден без автомобили“

По успешниот пример на Париз, и во Сингапур во неделата се одржа „ден без автомобили“. Во најпрометниот дел од градот сообраќајот бил забранет пет часа, а граѓаните вежбале јога, возеле велосипед и џогирале.

Неколку часа во неделата, во централниот деловен кварт на Сингапур било забрането возење автомобили. Вкупно 4,7 километри пат биле затворени, а место автомобили и мотори, на нив можеле да се видат тезги за храна и секакви активности.

Владата вели дека денови без автомобили ќе се одржуваат последната недела од секој месец во наредните шест месеци, пред да донесат одлука дали ќе продолжат со кампањата или ќе ја продолжат на поголема област.

Денот без автомобили започнал во 7 часот наутро и завршил на пладне.

Меѓу активностите планирани за тој ден имало вежбање јога на тревниците пред државните институции, возење велосипед и џогирање, или едноставно одморање во природа.

Yoga at the civic district… Beautiful scenery #civicdistrictsg. #carfreesundaysg #yogaseedssg

A photo posted by Civic District (@civicdistrictsg) on

Извор: Mashable