„И јас сум птица“ ќе се изведува во „Антон Панов“ во Струмица

На 29 и 30 октомври во малата сала на театарот „Антон Панов“ во Струмица ќе се изведува претставата „И јас сум птица“, која е резултат на проектот „Драмско куклено студио ДУМОН“.

Ова година „ДУМОН“ беше посветен на ранливите групи. Иницијаторите велат дека преку работилници за ФОРУМ театар, учесниците актери имаа можност да стекнат знаења за театарот, за другите и себеси.

„Вклучувањето на ранливите групи во културно уметничкиот живот во заедницата ќе имаме можност да го видиме на дело!“, стои во најавата за претставата.

Понатаму, потенцирано е и дека собраните средства од билети и донаторската кутија на влезот од салата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Инаку, претставатата е во режија на Јасмина Вучкова, а во неа играаат Игор Постолов, Анастасија Јовева, Иле Гичев, Ѓурѓица Илиева, Мифтар Рустемов, Кика Павлова, Славе Котески, Андреј Стојанов, Зоран Цикалов, Александар Кирчанов, Јован Темелкоски. Исто така, како гостин е најавен Трајче Ѓеоргиев и членови на Здружение „Порака“.

Претставата е реализирана од Здружението МАНА Струмица, а финансирана и од Општина Струмица.

i-jas-sum-ptica-plakat