И Архитектонски факултет распиша студентски избори

Архитектонскиот факултет во Скопје ги распиша студентските избори со кои се бира претседател и членови на Факултетското-студентско собрание. Изборите ќе се одржат на 17 декември, 2019 година во Стаклената соба на факултетот. Студентите ќе можат да гласаат во период од 10 до 14 часот.

Претходно беа распишани студентски избори на мнозинство од факултетите, а последни без распишани избори останаа Земјоделскиот и Факултетот за ликовни уметности.

Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти кои се запишани на студии во учебната 2019/20 година и имаат запишан зимски семестар.

Ова се први избори на УКИМ по оние во 2016 година, кога се бираше претседател на Студентскиот парламент. Во продолжение погледнете ја мапата со сите информации за студентските избори на УКИМ.

И.С.