Хуманитарна изведба на „Госпоѓица Јулија“ за помош на настраданите од поплавите

Во сабота (13.08) во 20 часот Театар Фабрика и Драмски театар хуманитарно ќе ја изведат својата заедничка претстава „Госпоѓица Јулија“, со цел да им помогнат на граѓаните на Скопје кои настрадаа во минатонеделните поплави.

Освен средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на билети, по завршувањето на претставата ќе биде поставена и кутија за донации за дополнително да се зголеми помошта која ќе може да им се укаже на најпогодените.

„За првпат, во 8 месечното постоење на „Госпоѓица Јулија“, претставата не ни е најбитното нешто. Не ни е ниту театарот, ниту уметноста… Ве покануваме и апелираме до сите кои се во можност, во сабота да се појавиме во што е можно поголем број и да собереме што е можно повеќе средства за оние на кои сега им е најпотребна нашата помош“, пишува Театар Фабрика.