Хуманитарна изложба на студентите од Школата за дизјан и уметност ,,Џолев и Уметностите”

Студентите од Школата за дизјан и уметност “Џолев и Уметностите” организираат хуманитарна изложба.

На неа ќе бидат претставени дела изработени под менторство на проф. Блашка Миева и проф. Јовица Мијалковиќ, од предметите “Цртачки и сликарски техники” и “Прототип дизајн студио”.

Сите изложени дела ќе можат да се купат, додека собраните средства ќе бидат донирани на Amos Shelter – засолниште и здружение за заштита на животните.

Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат делата на студентите:  Медина Усеин, Марија Цвеевска, Кристијан Тргачевски, Ангела Настевска, Нена Гиевска и Ена Стојановска од Академијата за продуктен дизајн.

Од Академијата за визуелни уметности ќе се претстават: Долорес Соколова, Магдалена Филипова, Стојан Ајтов, Владо Србиноски, Марија Јованова, Елена Стојковска, Ивана Пекевска, Благој Младеновски, Никола Панов, Коста Пановски, Марио Манески, Марија Јаќовска, Ангела Митреска, Илијана Такашманова, Бојан Матејин, Сара Кирјас, Диме Данов, Симона Руменовска, Антонио Станков, Александар Вучковски и Магдалена Донеска.

Од Академијата за моден дизајн, пак, со своите дела ќе се претстават:  Христина Младенова, Ева Таневска, Верче Пецева, Ана Франгова, Катерина Димитровска, Катерина Димовска и Никола Јовановски.

Изложбата е закажана за во четврток (12 декември) од 19 часот во просториите на MladiHub (Центар: рекорд).