Хуманитарен концерт во чест на Дејвид Боуви ќе се пренесува во живо на Скајп

Два концерти на кои ќе настапат The Pixies, Blondie, Мајкл Стајп, J Mascis, The Flaming Lips и други, ќе се одржат во Њујорк. Вториот ќе се пренесува во живо на Скајп, во замена за донација во хуманитарни цели.

Првиот концерт ќе се одржи во Карнеги Хол на 31 март, а вториот датум е 1 април, во Радио Сити Мјузик Хол. Вториот концерт ќе може да се проследи на Скајп, потврдија организаторите на The Music of David Bowie. Од гледачите ќе биде побарана донација за една од неколку хуманитарни организации кои се бават со уметност.

„Поради интересот за меморијалниот концерт за Дејвид Боуви без преседан, решивме да соработуваме со Скајп и Амадо и да го стримаме концертот насекаде низ светот, во замена за мала донација за нашите партнерски хуманитарни организации“, пишува на официјалната веб страница на меморијалниот концерт. Предлагаат минимална донација да биде 20 американски долари или 15 фунти.

Дејвид Боуви почина на 11 јануари на 69-годишна возраст. Неговиот исклучителен живот досега беше прославен со настапи на Лејди Гага и Лорд заедно со неговиот бенд, The Brits, пишува Guardian. Меморијален настап во негова чест е закажан и за Гластонбери фестивалот летово во Самерсет.