„Храна, а не оружје“ и утре ќе донира чај и гравче на гладните

Со почеток во 10:30 часот, иницијативата „Храна, а не оружје“ утре ќе готви и донира чај и ручек на луѓето на Плоштад Македонија.

„Доколку веруваш дека и ти можеш да нахраниш еден можеш да помогнеш ако сакаш дојди на плоштад во недела – дали со продукт грав или помош или зготвено нешто што оди со чај. Јас верувам дека се додека не барам изговор за да не правам она што го правам никогаш нема да престнам “, се вели во повикот до сите добронамерници што сакаат да помогнат

Оброкот се дели со пораката – Не се откажуваме, борбата со храна против оружје продолжува…

„Храна, а не оружје“ (FOOD NOT BOMBS) е основана во 1980 година, а преставува практичен протест против енормното трошење пари за воени потреби, додека секој ден се повеќе и повеќе луѓе умираат од глад. Сржта е да се нахранат гладните, притоа залагање за ненасилство, вегетаријанство, рециклирање храна, како и одлучување со консензус.

Храна, а не оружје

Секоја викенд Nebojsha Dodevski Gricko заедно со своите пријатели собираат зеленчук и овошје од скопските пазарџии, кои потоа ги приготвуваат во вкусен оброк и го делат бесплатно на граѓаните. Нивната иницијатива Храна, А Не Оружје која постои повеќе од 10 години потсетува дека храната е право на секој, а не привилегија. Нивен најголем проблем е немањето сопствен простор, па така, изминативе години биле принудени да готват по гаражи, подруми и разни колективи. Повеќе за „Храна, а не оружје“ во видеото кое го подготви Емилија Петреска.

Posted by Радио МОФ on Wednesday, 10 October 2018

Од иницијативата порачуваат дека ако владите и корпорациите ширум светот трошат подеднакво пари и енергија да ги прехранат луѓето како што се трошат на војни, никој не би бил гладен . На светот има доволно храна за сите, но колку од таа беспотребно се фрла како директна последица на капитализмот и потрошувачкото општество. Вегетаријанската храна воедно е здрава и ненасилна.