Хозе Мухика одби да зема пензија

Бившиот претседател на Уругвај Хосе Мухика, познат и како „најсиромашниот претседател на светот“, ја одби пензијата која му припаѓа од времето поминато во уругвајскиот сенат, пренува Би-Би-Си.

Мухика во вторникот поднесе оставка на местото сенатор, на кое се наоѓаше од крајот на својот претседателски мандат во 2015 година.

Како што вели, „уморен е од долгиот пат“ и „се додека го држи умот не може да се одрече од солидарноста и борбата за идеи“, но не сака да остане на местото на сенатор, иако мандатот му истекува тек во 2020 година.

Мухика во оваа прилика се извини и на кои било колеги што биле повредени во минатото.

За време својот претседателски мандат, Мухика стана препознатлив по тоа што поголемиот дел од платата ја донираше во добротворни цели, а еднинствената работа што ја поседуваше како претседател беше „фолксваген буба“ од 1987 година.

Тој автомобил беше толку познат, што во 2014 година за „бубата“ доби понуда од милион долари, која Мухика ја одби. Аргументот на Мухика беше дека ако ја продаде колата, нема како да го превезува кучето со три нозе.