„Хероините на нашето време“ – Изложба на Јана Јакимовска

„Хероините на нашето време“ изложбата на слики од уметницата Јана Јакимовска ќе биде отворена на 10-ти декември во 19 часот во втората сала на Музејот на Град Скопје.

„Во изминативе години во Македонија беше бурно. Со сите општествени бури херојски се бореа многу жени. Се бореа за правда, за мир, за еднаквост, за права, за маргинализираните, за различните. На тие жени им направив портрети. Локацијата, симболиката и целосната атмосфера на секоја слика ја договаравме заедно. Изложбата е прва од серија проекти кои планирам да ги правам на оваа тема. Во првиов циклус се опфатени активистки чии заложби сум ги посведочила лично, и кои ми беа доволно блиски да им се обратам. Бескрајно им благодарам за соработката и за издвоеното време“, порачува Јакимовска.