„Hang Massive“ собира средства за нивниот нов албум преку онлајн кампања

Музичкото дуо „Hang Massive“, составено од Англичанецот Дени Кад и Швеѓанецот Маркус Офбит, реши за нивниот втор албум да ги собира средствата преку онлајн кампања.

Тие претходно го објавија албумот „Distant Light“, а сега имаат за цел да го објават „Luminous Emptiness“.

Тие сакаат музиката во вториот албум да биде сконцетрирана на хангот (главниот инструмент во нивната музика), користејќи ги неговите уникатни звуци за да создадат композиции и звучни сцени.

„Ние ќе продолжиме да експериментираме со снимање на техники и современа продукција, помогнати од продуцентот и саунд-мастерот Морган Давенпорт“, велат од групата со својата онлајн кампања.

„Ние ќе го изработуваме албумот во наредните два месеци во Гоа, Индија, каде живеевме во текот на зимата, и каде во изминативе години, изградивме прекрасно студио. Тоа е прекрасно место за да се фокусираме на албумот во атмосфера што инспирира. Во тек е подготвувањето на албумот и веќе имаме неколку одлични демо снимки. Сакаме да ги завршиме сите снимки за време на нашиот престор во Индија и да го оставиме последниот процес да се заврши во Европа во мај“, информираат од „Hang Massive“.

Велат дека научиле многу од нивната прва кампња. Очекуваат албумот да биде готов до јуни. Повеќе за нивната онлајн кампања може да прочитате на следниот линк.