Хакатон за поттикнување на креативност во образованието

#ОбразовенХакатон е тридневен настан кој го организира „СмартАп“ во склоп на конференцијата „Квалитетно образование за раст, остварувања и подобра иднина”. Хакатонот ќе се одржи од 4 до 6 декември, кога преку тридневна интензивна работа, 5 до 7 тимови составени од дизајнери, ученици, наставници, родители, програмери, архитекти, психолози, социолози, креативци ќе работат заедно за да дојдат до инклузивни и иновативни решенија кои ќе одговорат на предизвици во образованието и ќе помогнат во подобрување на неговиот квалитет.

Предизвици на кои ќе се работи се:
👩‍🏫 Кои алатки и методи треба да ги користат наставниците за да го унапредат развојот на карактерот и вредностите кај учениците преку редовната настава?
👩‍🏫 Како да им се помогне на наставниците да останат во чекор со најновите трендови во педагогијата?
👩‍🏫 Како да воведеме учење засновано на игра во предучилишните програми?
👩‍🏫 Современата технологија како стимул за подобрување на постигнувањата на учениците?
👩‍🏫 Уредување на идната инклузивна училница врз основа на принципите на универзален дизајн што промовира припаѓање и соработка.

Учесниците на хакатонот ќе бидат поделени во тимови од 6 до 10 луѓе по правило на мултидисциплинарност и ќе работат на дизајнирање решенија на ниво на функционален прототип или пак „мок-ап“ со обмислени придружни елементи како бизнис модел, дефинирање на потребите на пазарот итн. Решенијата ќе бидат презентирани во рамки на третиот ден пред група (одбрано “жири”) од релевантни чинители (Министерства, Фонд за иновации и технолошки развој, докажани претприемачи, професори, итн.) но и пред пошироката јавност присутна на конференцијата.

Сите тимови ќе добијат менторска поддршка од професионалци / експерти од различни области согласно потребите при развојот на решенијата. Дополнително, секој член од тимот ќе добие придружни материјали и водилки за работа.

Учеството на хакатонот е отворено за сите заинтересирани, од сите сфери на делување. За присуство на настанот потребно е да го пополните апликациониот формулар најдоцна до 1 декември, напладне.

Хакатонот е организиран од СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации во партнерство со UNICEF. Повеќе информации за настанот ТУКА.