Само пред три години, односите меѓу членовите на оригиналната постава на легендарниот рок бенд Guns N’ Roses беа толку лоши, што Axl Rose одлучи да не се појави на церемонијата на која бендот беше примен во рокенролк „Куќата на славните“. Но, изгледа дека несогласувањата се веќе минато, затоа што повеќе извори блиски до бендот потврдуваат дека Guns N’ Roses повторно ќе се формираат во 2016 година, со настап на фестивалот Coachella.
По ова, групата планира турнеја по стадиони, на која ќе има најмалку 25 настапи. Се уште не се знае точната постава на бендот, но покрај Axl, потврдено е дека во повторното формирање ќе учествуваат и Slash и Duff McKagan. Matt Sorum, според информациите, ќе свири тапани наместо оригиналниот тапанар Steven Adler.
Првата постава на Guns N’ Roses последен пат настапила заедно во јули 1993 година, а оттогаш имаше неколку обиди повторно да се состави, но тие без безуспешни. Според информациите, групата сега ќе бара меѓу три и осум милиони долари за концерт.