Гугл со балони ќе обезбедува интернет на непристапните места

Гугл со балони ќе обезбедува интернет на непристапните местаГугл планира да обезбеди од балони на 20 километри височина пристап кон интернет за региони каде не постои интернет приклучок. Во близина на езерото Текапо на Нов Зеланд во рамките на проектот веќе стартуваа 30 балони, пренесува Дојче веле.

„Верувавме дека може да функционира. Сега знаеме дека функционира“, изјави раководителот на проектот, Мајк Кесиди, за новинската агенција ДПА во Кристчрч.

Група од 50 тест-лица во регионот доби специјални интернет-антени со големина на фудбалска топка и можеше да се поврзе на интернет мрежата од балоните. Интернет информациите од и до балоните биле пренесувани преку копнени станици преку бранови. Балоните можеа да комуницираат меѓусебно и создадоа мрежа во воздухот.

Проектот „Лун“ е дело на групата експерти, „Гугл Х“ и има задача да пронаоѓа радикално нови технолошки решенија а оваа екипа му е директно подредена на соосновачот на Гугл, Сергеј Брин.

Раководителите на проектот сметаат дека е можно прстен од илјада балони кои носени од ветрот во стратосферата ќе ја обиколуваат Земјината топка, на луѓето на Земјата да им овозможат интернет врска.