„Гугл мапс“ ќе ги лоцира полначите за електрични автомобили

За да ја зголеми достапноста на полначите за електрични автомобили, „Гугл мапс“ најави дека нивните локации ќе ги додаде на својата апликација. За почеток, ќе бидат ставени полначите на Tesla и на Chargepoint, за iOS и Android верзиите, додека за  поддршката за десктоп верзија ќе треба да се почека неколку седмици.

Од компанијата најавија дека ќе поддржуваат и различни мрежи за полнење во различни земји, а апликацијата ќе ги покажува полначите на EVgo, Blink и на emaConnect во САД; Chargemaster и Pod Point полначите во Велика Британија. Корисниците треба да ги пребаруваат со „EV charging“ или “charging stations“, при што ќе може да видат и колку приклучоци има на одредена локација.

Она што сепак нема да го има на „Гугл мапс“, е можноста да се провери дали некои станици за полнење се зафатени во моментот. Вакавата информација е важна, бидејќи за разлика од полнењето бензин, треба многу повеќе време за да се наполни еден автомобил со струја.