Групата Chic издава нов албум по 23 години

Диско бендот Chic ќе издаде нов ЛП-албум годинава, прв по 23 години, јавуваат медиумите од САД. Албумот ќе биде прв по изданието „Chic-ism“ од 1992. Според информациите, фронтменот на Chic, Nile Rodgers, потпишал договор со издавачката куќа Warner Bros – првиот сингл ќе излезе на 20 март, а целиот албум во јуни.

Chic е основана во средината на 70-те години на минатиот век од Rodgers и басистот Bernard Edwards, кој почина во 1996. Во последните години, бендот повторно стана актуелен, откако Rodgers учествуваше во компонирањето и изведбата на три песни од албумот „Random Access Memories“ на Daft Punk во 2013, вклучувајќи го и хитот „Get Lucky“.  Nile Rodgers во 2013 свиреше на отворањето на фестивалот Exit во Нови Сад.

„Nile никогаш не престана да се движи напред, па затоа сум восхитен што можеме да го примиме во семејството на Warner Bros во ова динамично ново поглавје од неговата кариера“, изјави директорот на издавачката куќа Cameron Strang.