Гранд при за „Јами дистрикт“ на 11. издание на ИТФ „Лица без маски“

Гранд при наградата за најдобра претстава на 11. издание на ИТФ „Лица без маски“ ја доби претставата „Јами дистрикт“, во режија на Кокан Младеновиќ, копродукциски проект на Битеф театар – Белград, Тиватски центар за култура, Тинк Танк студио-Нови Сад, Фестивалот Маск-Сегедин.

Наградата за најдобро актерско остварување годинава и беше доделена на актерката Нина Нешковиќ, од Србија, која настапи во повеќе улоги во претставата „Јами дистрикт“.

Специјална награда за оригинален концепт, пак, доби режисерот Серхи Отс за претставата „Арктик“ во изведба на театарот „Понтен пие“ од Санта Колома де Граменет, Шпанија.

Жири комисијата ја сочинуваа: Нина Николиќ, театарски режисер , Драгана Лукан Николовска, драматург и актерката Дарја Ризова.

Годинешното издание на „Лица без маски“ се одржуваше од 12-16 април под мотото „Најди начин“.