Граѓанскиот марш за Алепо пристигнува во Македонија

Учесниците од Граѓанскиот марш за Алепо денес треба да ја преминат границата меѓу Србија и Република Македонија. Маршот за мир за Сирија досега помина повеќе од 1.600 километри пеш преку различни Европски земји, истакнувајќи ги хуманитарните потреби во Сирија, како и на оние кои бараат засолниште во Европа.

Маршот за мир напредува по 20-30 километри на ден. По влегувањето во Република Македонија на 20-ти април, помеѓу Манастирот Прохор Пчињски (Србија) и Куманово, маршот ќе продолжи и преку Скопје, Велес и Неготино кон Грција. Маршот ќе стигне до главниот град Скопје, на 22 април, во сабота на оваа недела,  исто така ќе организира голем јавен настан.

Повеќе од 3.000 луѓе веќе учествуваа во маршот на различни настани кои се случија по должината на рутата, правејќи го првото големо Европско солидарно движење за Сиријските граѓани. Се започна од иницијативата на Полската активистка Ана Албот, кој заедно со меѓународна група на волонтери започнаа повик за акција. Граѓанскиот марш за Алепо започна на 26 декември 2016 година во Берлин и оттогаш поминаа пеш низ Германија, Чешка, Австрија, Словенија, и на Балканот до Македонија. Маршот се очекува да пристигне во Сирија на крајот на летото 2017 година.

Во името на маршот, градот Алепо делува како симбол за сегашните области кои се под опсада, како и сите 470.000 човечки животи, кои беа изгубени во војната, уште од нејзиното започнување во 2011 година. Во Сирија, борбите на земјата и воздушните напади предизвикаа континуирано раселување на стотици семејства секоја недела, додека хуманитарната помош се уште се соочува со ограничен пристап до многу области. Проценето 43 заедници во Сирија се уште се соочуваат со сериозни ограничувања, од кои 20 се класифицирани како области под опсада од страна на Обединетите Нации, и 23 тешко достапни области.

„Маршот се разви во платформа каде што луѓето доаѓаат заедно за да дознаат повеќе за ситуацијата во Сирија, како и за да најдат идеи за дејствување во нивниот градови”, опишува активистката Албот.

„Ние добиваме многу прашања и организираме континуирани дискусии со различни луѓе за тоа што маршот може да се постигне. Досега, секој кој дошол во контакт со маршот го доживеа како можност да ја емитува грижата за жртвите на Сириската војна за нова акција. Тој е многу моќен“, додава таа.”

Целата рута може да се погледне на веб-страницата.

За иницијативата и досегашните искуства може да прочитате во интервјуто што Радио МОФ претходно го направи со иницијаторката на оваа акција, Ана Албот.

Ана Албот: Пешачиме по рутата на бегалците за тие еден ден да се движат слободно и без страв