Граѓаните на Сан Марино преку референдум го поддржаа правото на абортус

Вчера жителите на Сан Марино преку референдум изгласаа за легализација на абортусот, со што го отфрлија 150 години стариот закон против абортус. Со ваквата одлука, Сан Марино стана втората католичка земја која ја поддржува процедурата, пренесува „Еуроњуз“.

77 отсто од гласачите го поддржаа правото на абортус во првите 12 недели од бременоста, пренесоа локалните медиуми. Абортусот ќе биде легален и по првитe 12 недели од бременоста во случаи по животна опасност на жените, како и поради аномалии на фетусот.

Сан Марино беше една од последните европски држави во која абортусот се’ уште беше легализиран. Абортусот се’ уште е илегален во Малта и Андора, додека Полска оваа година воспостави нова ригорозна забрана на процедурата.

Референдумот се одржа откако 3000 лица потпишаа петиција да се смени законот против абортус во државата, закон кој е донесен во 1865 година.

Жените во Сан Марино досега го извршуваа абортусот во Италија. Затоа тие побараа смена во државната политика, бидејќи одењето во Италија за постапката резултираше со непотребен финансиски трошок, но и ги казнуваше жените кои забремениле од силување.