Градинката, школото и гимназијата во Македонска Каменица сами ќе произведуваат струја

Градинката „Бамби“ во Македонска Каменица сама ќе произведува струја откако беа поставени фотоволтаични системи. Градинката е втор од вкупно трите објекти на кои ќе бидат поставени вакви системи, велат од општината, и појаснуваат дека проектот се прави со цел заштеда на електрична енергија преку користење алтернативни извори.

Ваков систем треба да се постави во основното училиште „Св. Кирил и Методиј”, а пред неколку дена беше инсталиран на кровот на гимнзијата „Миле Јаневски – Џингар”. Објектите на кои ќе се инсталираат овие системи ќе можат сами да произведуваат струја.

Средствата ги доделува Министерството за финансии преку проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални средини“. Станува збор за грант од два милиона евра од ИПА.