Град Скопје: Помор на риби по течението на Вардар, загадувањето доаѓа од кругот на поранешна „Железара“

Поради помор на риби по течението на реката Вардар во Аеродром, дежурните инспектори од Инспекторат на Град Скопје заедно со екипи на ЈП „Водовод и канализација“ излегле на вонреден увид на терен, соопштија денес од Град Скопје.

„Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се земени примероци од водата за испитување. Првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“, информираат од Град Скопје.

Оттаму најавија дека ќе следат вонредени инспекциски контроли во кругот на „Железара“. Посочија дека одговорните за ова загадување ќе бидат соодветно санкционирани.