„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ добитник на главната награда на фестивал во Дортмунд

Македонскиот игран филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивалот посветен на женски автори (Cologne International Women’s Film Festival),

Во главната конуренција беа одбрани само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваа за главната награда. Тричленото жири одлучи главната награда да ја даде на филмот на Теона Митевска.

„Oдлучивме да ја  доделиме главната награда овој на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“, соопшти жирито.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 пприл беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Месецов филмот ќе биде прикажан на шест фестивали, меѓу кои и на Московскиот филмски фестивал. Еден од најголемите руски дистрибутери (Ruscico) го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина.

Интернационалниот продажен агент Пирамид ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија. Од 1 мај почнува прикажувањето на филмот во 60 кино сали низ цела Франција.

Петрунија патува и низ Македонија. По проекциите во Скопје, Битола, Прилеп, на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во Штип.