„Го сакам ГТЦ“ продолжува во паркот „Жена борец“

По гушкањето на Градскиот трговски центар во Скопје минатата недела, серијата настани „Го сакам ГТЦ“ продолжува и овој петок. Како што информираа од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, петочниот настан се сели во паркот „Жена борец“, кој што се надоврзува на ГТЦ.

 „Го сакам ГТЦ“ се сели и во паркот „Жена борец“

Притоа, од 10 до 20 часот продолжува потпишувањето на петицијата на западниот влез на ГТЦ, а по 20 часот пунктот за потпишување ќе биде преселен во паркот „Жена борец“. Таму ќе бидат поставени и 3 кутии во кои ќе може да оставите се остават пораки, препораки и идеи за ГТЦ кои ќе бидат пратени до управата, пораки до архитектите на новата фасада, како и одговор на прашањето: Зошто го сакам ГТЦ?

Само минатиот петок, на петицијата со која се бара Градскиот трговски центар да биде заштитен како културно наследство и при  реставрацијата да се зачува неговата автентичност, се потпишаа над 4.000 граѓани.

Организаторите и овој петок очекуваат голема посетеност на настанот.