Германска компанија презентираше електрични летечки такси возила

„Литиум“, старт-ап компанија од Германија штотуку претстави нов вид на такси – летала кои ќе работат на електричен погон. Ваквите возила ќе имаат капацитет до 4 патници и со својата брзина од максимални 300 км на час би биле еден голем чекор поблиску до толку посакуваната иднина исполнета со летечки превозни средства наместо автомобили.

Компанијата во изминативе 3 години има привлечено голем број на инвеститори и буџет од повеќе од 100 милиони долари со кој има план да започне нов, револуцонерен вид на „Убер“ низ повеќе градови ширум светот.

Според луѓето кои стојат зад овој проект, патувањата со ваквиот вид на летала би бил далеку поефикасен и поефтин  од досегашните комерцијални авиони, но и би конзумирале помалку енергија и би биле многу по еколошки и ефикасни.

Леталата беа прифатени со остри критики од страна на јавноста, главно поради проблемите кои би излегле во светот каде секој би можел да лета каде сака, кога сака. Но, на овие критики компанијата одговори дека доколку овој проект биде одобрен и тие би започнале со својата комерцијална улога на такси компанија, летовите ќе бидат строго регулирани и организирани според општите социјални и сообраќајни правила во дадените области.

„Ова нема да значи дека секој ќе може да слета во сечиј двор. Леталата ќе работат со регулатива ширум светот, интегрирајќи се со јавните транспортни системи каде што ќе функционираат. Нашата цел не е само да го исполниме небото со овие нешта, туку да најдеме начин како да ги имплементираме нив, притоа целосно почитувајќи го начинот на живот на луѓето“, вели Даниел Виганд, главниот извршен директор на „Лититум“.

Пазарот за ваков вид на такси – летала е во полн ек. Покрај оваа компанија во ваков сличен тип на средства за првоз инвестира и „Убер“, но и неколку други компании ширум светот кои работат на протоипи на дронови и слични мини – хеликоптери кои би биле наменети за јавен превоз.