Германија со „историска“ одлука за задолжителна женска квота во бордовите

Германија ќе воведе задолжителна шема која ќе ги присили компаниите да имаат барем една жена во своите бордови, откако политичарите склучија нов договор.

Владеачките партии, „Христијанските демократи“, предводени од Ангела Меркел, како и социјалните демократи, склучија нов договор во петокот, според кој се става крај на слободните шеми.

Франциска Џефри, германската министерка за женски права, истакнала дека со договорот се прави историска победа, како и дека нацијата поставува пример за модерно општество.

Сите компании кои имаат повеќе од три членови во бордовите треба да ја следат новата шема која е резултат на долгогодишна дебата за родовата нееднаквост во германските бордови.

Според новиот договор, извршните бордови во фирмите каде властите имаат поголемо учество, мораат да имаат 30 отсто женско присуство.

„Германија го предводеше успехот за работниците како дел од бордовите и ние и отворено го пречекуваме овој потег со кој се гарантира неисклучувањето на моќните жени од бордовите и извршните тимови. Истовремено, загрижени сме дека властите во Велика Британија го запре исплаќањето на бонусот со кој се израмнуваше финансискиот јаз помеѓу родовите. Тоа се случи оваа година и повикуваме исплатата повторно да стапи на сила“, изјавила докторката Ванда Випорска, извршната директорка на „Доверба во еднаквоста“, британско хуманитарно здружение кое се бори против економската и социјалната нерамноправност.

Според истражување објавено од страна на хуманитарното здружение минатата недела, заклучено е дека големите компаниски синџири им даваат повисоки бонуси на вработените машки работници, отколку на женските работнички. Ваквата разлика била намалена откако се исплаќале бонусите за израмнување на финансискиот јаз.

Студијата открила зголемување од 179 отсто разлика во бонусите меѓу родовите кај компаниите кои одбрале јавно да ги прикажат своите давачки.

Извор: Independent