Германија најуспешно се бори со невработеноста на младите

Германија, Данска и Холандија се трите земји кои држат лекции во Европа што се однесува на намалувањето на проблемот со невработeноста на младите, кој германската канцеларка Ангела Меркел го нарекува „најголемиот товар на Европа“. Според истражувањето на британската тинк-тенк организација „Work Foundation“, не постои едно решение за овој проблем, затоа што причините за долготрајните разлики во стапките на невработеност meѓу земјите се комплексни.

Германија најуспешно ги избегнува проблемите со невработеноста на младитеСепак, познатиот систем за стручен тренинг во Германија, данските постојани напори да се сузбие невработеноста кај младите од рана возраст и влијанието на флексибилните работни места во Холандија, едноставно заслужуваат внимание.

Младинската невработеност, дефинирана како удел од целата популација на возраст од 15 до 24 години, пораснала за два процентни поена во Европската унија меѓу 2007 и 2011 и сега изнесува 9%. Но, оваа стапка останала непроменета во Холандија и паднала за 2 процентни поени во Германија, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (OECD). Состојбата со младинската невработеност е многу потешка во Грција и во Шпанија, каде стапката надминува 50%, ако се мери како процент од економски активното население, во кое спаѓаат и учениците и граѓаните кои посетуват тренинзи.

„Според сите мерила, Европа се соочува со голема криза против која владите треба да се борат со сите расположиви средства. Јас сум малку изненаден што во некои земји, во кои половина од младите се невработени, нема поголеми социјални тензии“, вели заменик-директорот на ОЕЦД за вработување Стефано Скарпета.

Германија најуспешно ги избегнува проблемите со невработеноста на младитеЗборувајќи на Светскиот економски форум во Давос минатата недела, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е можно да бидат потребни посебни чекори за да се спречи избивањето на политичка и социјална нестабилност.

„Нашата главна задача мора да биде презентирањето на перспективите, а веројатно и преземање мерки за премостување на состојбата, се додека тие не доведат до намалување на невработеноста. Ова го носи блиската иднина“, рече Меркел.

Во Италија, 10% од младите се откажале од барањето работа, затоа што „не гледаат перспективи“. Тие не учествуваат на пазарот на трудот затоа што мислат дека за нив нема работни места, покажало истражувањето на Work Foundation.