Германија ја забрани продажбата на пластика за една употреба

Германија ја забранува продажба на пластични сламки за еднократна употреба, стапчиња за уши, но и садови храна, со што се усогласува со Директивата на Европската унија која се донесе за намалување на количината на пластичен отпад што ја загадува околината.

Владата, денеска се согласи да стави крај на продажбата на пластика, вклучително и прибор за јадење за еднократна употреба, тањири, стапчиња и држачи за балони, како и чаши и кутии од полистирен, од 3 јули 2021 година.

Министерот за животна средина Свена Шулце рече дека овој потег е дел од напорите да се оддалечат од „културата на фрлање отпад“.

До 20% од ѓубрето собрано во паркови и други јавни места се состои од пластични работи за една употреба, главно садови од полистирен.

Пластиката не се разградува со децении, а микроскопските честички од неа се пронајдени во телата на риби, птици и други животни.