Герила акција: Поставена надгробна плоча за човековите права пред Собрание

„Human rights“ стои на плочата од мермер, која денеска може да се забележи во паркот спроти Собранието на РМ.

Ова е уште една од низата активистички герила-акција во Скопје, со кои активисти алармираат за проблемите во општеството, како и за нарушените права на граѓаните.

Изминатите месеци повеќе вакви акции, инспирирани од моменталните граѓански проблеми, беа реализирани во главниот град како поставувањето на Пакман во Аеродром, ајкулите во Вардар и возниот ред на барокните галии, барокните тоалети за домашни миленици,  мајмуни на палмите низ земјава и многу други.