Геј пингвини од австралиски аквариум испилиле второ јајце кое било отфрлено

Свен и Меџик се единственот пингвински геј пар во Аквариумот „Си лајф“ во Сиднеј. Пред две години, на пингвините им било дадено да „испилат“ отфрлено пингвинско јајце, откако претходно, животните биле забележани како се обидуваат да испилат камен.

Лара, првата ќерка на Свен и Меџик веќе е возрасна единка, но двата пингвина сè уште имаат родителски инстинкт.

Пред неколку недели, Свен и Меџик повторно станале татковци.

„Доколку некои од животните имаат вишок јајца, или не се грижат доволно за своите јајца, тие им ги даваме на слични парови како Свен и Меџик. Тие заслужија второ јајце бидејќи се докажаа како одлични родители во минатото“, изјавил портпарол на Аквариумот.

Вработените во аквариумот ги опишале Свен и Меџик како присутни и неверојатно грижливи. Негувателите на пингвини во аквариумот пред две години забележале дека врската помеѓу двата пингвина станува сè поголема. Тие не се двоеле еден од друг, а кога започнала сезоната на парење, парот започнал да собира камчиња за своето гнездо.

Истополовите парови како Свен и Меџик се многу чести во животинското царство, а досега околу 450 видови покажале интерес за истиот пол.

„Пингвините, вклучувајќи ги „Генто“ пингвините, се дел од многу видови кои имаат интерес за истиот пол. Посвојувањето на јајце во „дивината“ може да се случи со напуштено јајце. Досега многупати се докажало дека овие животни го одгледуваат јајцето како свое“, изјавиле од аквариумот.

Извор: Bored Panda