Гаражата во која настана Google

Приказната на Google започнала во мала гаража кој и денеска може лесно да се најде, особено ако користите Google Maps.

На нешто над километар од автопатот 101, кој го поврзува Сан Франциско со остатокот на Силиконската долина, се наоѓа мирно маало, веднаш до кампусот на универзитетот Стенфорд. Во Менло парк, во гаражата на Susan Wojcicki, Larry Page и Sergey Brin го основаа Google.

Двајцата ја поминале зимата 1998 во сега славната гаража, градејќи технолошка компанија која ќе го редефинира интернетот. Google сега ја поседува куќата, во која не живее никој, но таа служи како потсетник на почетоците на гигантот.

За да го одбележи 15-от роденден на Google, порталот Mashable направи галерија од фотографии од просторот на кој е создадена компанијата:

Susan Wojcicki сега е потпретседател на компанијата. „Не знаев дека изнајмувам простор на компанија како Google“, вели таа.

Susan Wojcicki сега е потпретседател на компанијата. „Не знаев дека изнајмувам простор на компанија како Google“, вели таа.

Славната гаража во населбата Менло парк

Гаражата не се сменила многу од пред 15 години. Дури и синиот тепих е оригинален.

Page и Grin во една од собите на куќата на Wojcicki поставиле табла со натпис: „Светско седиште на Google“. Компанијата го користела просторот до јануари 1999, кога имала седум вработени.

Откако Google се отселил во нови простории, Wojcicki одлучила дека сака да работи за компанијата. Таа поминала низ целиот процес на интервјуирање, а кога ги запрашала основачите кому ќе го рекламираат својот производ, тие одговориле: „Секому“.

Извор: Mashable