Хитот „Gangnam Style“ на јужнокорејскиот рапер PSY освои толкав број на прегледи на Youtube што страницата морала да го надгради својот софтвер.
„Никогаш не мисливме дека видеото ќе добие толкава бројка на прегледи, повеќе од две милијарди, но тоа беше пред да го запознаеме PSY, напишаа администраторите на страницата на Google+.
Видеото беше поставено во јули минатата година и од тогаш се здоби со огромен број на прегледи. Втор на листата со половина од бројот на прегледи што го има PSY е песната на Џастин Бибер „Baby“, а на третото место е смешното видео „Charlie bit my finger – again!“ со речиси една милијарда прегледи.