Game Weekend во Скопје, развивачи на видеоигри ќе зборуваат за своите искуства

Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА во соработка со фондацијата е-Македонија го организира Game Weekend, кој е закажан за 2 и 3 април, и ќе се одржи на плоштадот Македонија во просториите на Македонски Телеком.

Посетителите првиот ден ќе можат да се запознаат со деталите и искуствата на дел од најдобрите развивачи на видеоигри во Македонија. На настанот ќе учествуваат програмери, цртачи, и дизајнери на ААА игри, и инди развивачи. Работилницата ќе се обиде да одговори на најчестите прашања кои си ги поставуваат развивачите – „Како да започнете да правите видеоигра?“, па се до „Колку ресурси ви се потребни за маркетинг?“ или „Како да внимавате на приказната?“.

Вториот ден е посветен за нов официјален Hearthstone турнир, на кој ќе учествуваат 64 натпреварувачи.