[Галерија] Животот во Авганистан пред војните

Авганистан во 21 век е држава со длабоки проблеми, побунети Талибанци, сомнителна војска и економија каде индустријата со опиум останува еден од најголемите работодавачи. Но, пред војните кои ја уништија земјава, Авганистан било многу поразлично место за живеење.

Интересната колекција на фотографии направени во 60-тите години од минатиот век покажуваат каков бил животот на Авганистанците.  Тие се направени од фотографот-аматер и професот на колеџ William Podlich,  кој ја напуштил својата работа на Државниот универзитет во Аризона за да работи за UNESCO во Кабул, каде се преселува со своето семејство.

Неколку децении подоцна неговиот зет Clayton Esterson ги нашол овие фотографии и ги поставил на интернет. Реакцијата на јавноста била неверојатна.

Извор: Businessinsider