[Галерија] Животот на Лу Рид низ фотографии

Лу Рид беше доживотен музички иноватор и движечка сила на „ The Velvet Underground“, еден од највлијателните бендови во светот. Тој е роден на денешен ден, во 1942 година, а денеска ќе наполнеше 74 години. Во негова чест, NME објави галерија со фотографии од неговиот професионален и приватен живот.

Рид почнал да пишува песни во 1963 година додека учел на колеџот Сиракуза во Њујорк, откако сам научил да свири на гитара, опседнат со ритам и блуз и џез музика. Џон Кајл првпат се запознал со Рид на забава додека бил во бенд кој се нарекувал „Primitives“. Рид не бил задоволен што не му дозволувале да ја свири неговата песна „Heroin“, па формира нов бенд со Мејл, Мо Такер и Стерлинг Морисон – „Velvet Underground“.

Песните на Рид главно зборуваа за неговата употреба на дрога и темната страна на животот во Њујорк во 60-тите, кога бендот не беше комерцијализиран.

„Velvet Underground“ се запозна со високата сцена на Менхетен предводена од уметникот Енди Ворхол , кој стана менаџер на бендот и еден вид ментор за Рид. Тие се најдоа во епицентарот на главното уметничко жариште во градот.

Деби албумот на бендот „The Velvet Underground & Nico“ (1967) постојано е гласан за еден од најдобрите албуми некогаш снимени.

Слабата продажба на албумот во тоа време го натера Брајан Ено да проговори во 1982 година, и да каже дека „секој што купил еден од 30 000 копии основал бенд“.

Во периодот кога бендот ја снима песната „White Light/White Heat“, Нико го напушта бендот, а Ворхол бил отпуштен, против волјата на Џон Кајл.

Џон Кајл го напушти бендот и на негово место дојде Даг Јул. Тие објавија уште два албуми на чело со Рид „The Velvet Underground“ (1969) и  and „Loaded“ (1970). Во вториот беа двете песни што го направија бендот познат и му донесија комерцијален успех, „Rock & Roll“ и „Sweet Jane“.

Лу Рид го го објави неговиот истоимен албум во 1972 година, составен од осум песни дотогаш необјавени од „Velvet Underground “ и уште две нови песни.

Дејвид Боуви беше отскочната даска за соло кариерата на Рид во раните 70-ти, преку соработка за неговиот хит „Transformer“ во 1972 година. На фотографијата, покрај Боуви се Рид и Мик Џегер.

Преку Боуви, Рид го доби вниманието во Велика Британија, добивајќи статус на суперѕвезда со песните „Perfect Day“, „Walk On The Wild Side“ и „Satellite Of Love“.

Рид некогаш не одеше по строго дефинирана линија, тој привлече голем број обожаватели со „Metal Machine Music“, објавен во 1975 година веднаш по „Sally Can’t Dance“, кој во тој момент беше еден до најслушаните албуми.

Во текот на 70-тите, Рид продолжува да има бурен животен стил, но во 1982 година се жени со Силвија Моралес и почнува да се смирува, продолжувајќи да создава музика со успех кој варира во одредени периоди.

Тој се соедини со Кајл за првпат по разделбата на „The Velvets“ за да работат на „Songs For Drella“, албум посветен на Енди Ворхол, по неговата смрт во 1987 година.

За својот стил на гитара Рид еднаш изјави: „Една акорда е во ред, две акорди се претерување, а со три веќе сте навлегле во џезот“.

Кога слушнал за неговата смрт, Дејвид Боуви за својот стар пријател рекол: „Тој беше господар“.

„The Velvets“ повторно се соединија во средината на 90-тите за успешна европска турнеја и беа примени во Рокенрол халата на славните во 1996 година.

Во меѓувреме, Рид продолжи да биде она што беше – енигматичен и со тежок карактер, без разлика дали со арогантен однос кон новинарите или со носење на неговиот Таи Чи инструктор на сцена со него за време на настапите.

Обработената верзија на „Perfect Day“ отпеана од повеќе уметници предизвика огромен мејнстрим успех, достигнувајќи број еден на топ листите во Велика Британија во 1997 година, откако беше објавена за да се соберат пари за сиромашни деца.

Ентони Хегарти од „Antony & The Johnsons“ беше уште еден соработник, кој работеше со Рид на неколку проекти, вклучително и албумот „The Raven“ во 2013 година. Албумот содржи и соработки со Боуви, втората сопруга на Рид, пејачката Лори Андерсон, со која стапи во брак кон крајот на 90-тите.

Како долгогодишен алкохоличар и зависник од дрога, Рид имаше трансплантација на црниот дроб во мај 2013 година.

Набгру потоа, најави дека има за цел да се врати на работа, велејќи: „Јас сум триумф на модерната медицина. Со нетрпение очекувам да се вратам на сцената да свирам, и да пишувам песни со кои ќе се поврзам со вашите срца и духови, како и со универзумот во иднина“.

Страстен и непредвидлив до крај, една од последните работи што Рид ги направи во јавност е што напиша огромна и детална рецензија за студискиот албум „Yeezus“ на Канје Вест, фалејќи го за неговите „моменти на врховна убавина и величина“, но и критикувајќи го поради тоа што бил „истото, старо срање“.

Наклонетоста за апсурдот и конфликтноста по објавувањето на „Metal Machine Music“ го следела и во последните години на Рид, со неговиот албум во 2011 година „Lulu“, во соработка со „Metallica“, кој беше исмејуван по неговото објавување.

Лу Рид почина на 27 октомври 2013 година.