[Галерија] Животот и дружбата во кампот на Д Фестивал

Синоќа и официјално се отвори единствениот повеќедневен летен фестивал во Македонија, Д Фест во Дојран. Иако настапите на најголемите ѕвезди на главната сцена започнаа вечерта, уште од утрото во кампот се слушаше џагор и дружба меѓу камперите.

Еве како камперите, но и изведувачите на фестивалот си поминуваа на првиот фестивалски ден.

„Топло време, не се дише. Се обидуваме да се разладиме, бараме лозова за да балансираме, но сепак не ни дозволија во кампот. За сега најмногу ни се допадна играта „Не лути се човече“, но сепак треба уште да прошетаме. Моментално сме сместени во апартман, веднаш до кампот. Последно кампување ни беше одамна, во средно, можеби дури и основно училиште и имаме само пријатни спомени од тоа време. За крај, имаме порака до министерот за здравство Никола Тодоров: да дојде во Дојран, да земе чаша и да се напие од езерото и да им докаже на сите дека водата е супер“ – Дубиоза Колектив

„Само што пристигнавме, се уште се сместуваме. Ова ни е прво кампување тука, имаме искуства и со други места, но сепак сега засега тука е подобро“.

Сара и Александар: Ова ни е прво кампување тука, супер ни е се досега. Давид и Бојана: Ние бевме и лани, минатиот пат имаше повеќе луѓе, но сепак сега има повеќе место за камперите и шаторите не ни се толку зближени како минатата година. Бојана: Ако доаѓате на Д-фестивал, дефинитивно да се сместите во шатори, настрана од тоа што е малку мачно, многу е поинтересно. Сара: И задолжително да си понесат спреј против комарци.

„Кампот е супер, супер се забавуваме. Eдинствен проблем ни е што е топло, но понекогаш има малце ветерче“.

„Со оглед на тоа дека дојдовме пред 2 часа и успеавме да најдеме место во кампот под сенка, супер ни е. Мислиме дека има многу ѓубре, би било добро да има повеќе канти низ кампот. Задоволни сме што има повеќе места за забава од лани, и подобри тушеви. Сакаме да им препорачаме на сите кампери да пијат повеќе вода, да не седат на сонце и да се забавуваат. Наша препорака за организацијата е и со секоја карта да даваат гратис спреј против комарци“ – Сара, Јаворка и Моника

„Прв пат кампуваме тука. Сега за сега сме задоволни од се, супер е организирано и со нетрпение ја очекуваме вечерашната забава“ – Кире и Дејан

Пишува Горан Ристовски, учесник на новинарската работилница на Радио МОФ и Д Фестивал