[Галерија] Започна првото издание на Андерфест

Вчера започна првото издание на урбаниот фестивал Андерфест. Фестивалот се одржува во просториите на Public Room (Јавна Соба) во Скопје и ќе трае до недела 07.04.2019 год.

На првата вечер од посетителите можеа да видат седум настапи на еден поинаков фестивал кој за прв пат на исто место во три дена
собира преку 40 артисти од македонската алтернативна сцена.

Фестивалот го отворија младите кратовчани Илузија, по што следуваа Sincrest и скопските рокери Cruel/Крул, кои после 19 години повторно настапија на сцената. Покрај нив синоќа настапуваа и арт рокерите Фуснота, тетовскиот инди рок состав Keurdath, Визија, а вечерта ја затворија КАИН.

Фестивалот продолжува и вечерва, а завршува во недела. Повеќе детали за фестивалот, како и програмата за следниве два дена можете да најдете ТУКА.