[Галерија] #ВозиПравоВозиЗдраво низ Скопје

Голем број граѓани вчера беа дел од петтото издание на ревијалната трка #ВозиПравоВозиЗдраво со која се повикува сите, како заедница, да дејствуваме за подигнување на свеста дека возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не само што не загадува, туку и помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина. А исто така е забавно и здраво.

На трката учествуваа лица од сите возрасти и превозни средтва како бебешки колички, велосипеди со помошни тркала, моноцикли, градски и планински велосипеди и секако тротинети, ролерки и скироли. Трката ја организира Стопанска банка АД – Скопје во рамки на акцијата „Вози од срце“ за подигнување на свеста за предностите на велосипедизмот врз здравјето на сите. Тркат почна од СЦ „Борис Трајковски“, продолжи лево по булеварот „Илинден“ до Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев каде имаше забава сите учесници.