[Галерија] Во Шпанија ќе се отвори првиот европски подводен музеј

Заврши поставувањето на скулптурите кои ќе бидат дел од првиот подводен музеј во Европа, чие отворање е закажано за крајот на февруари. Во музејот наречен „Museo Atlantico“, кој се наоѓа под океанските бранови на островот Ланзароте, во склоп на шпанските Канарски острови, ќе има 400 дела на уметникот Jason deCaires Taylor.

Тој професионално се занимава со подводни скулптури, а најчеста инспирација му е животната средина. Меѓутоа, бегалската криза е една од темите што овој пат се најде во неговата работа.

Скулптурите се изработени од ПХ-неутрален морски цемент, со цел да го привлечат водниот свет. Проектот има за цел да го покрене туризмот на островот.

Минатата година, дела на Taylor беа дел од подводниот музеј во Канкун, Мексико, а предупреди за последиците од климатските промени со четирите јавачи поставени во реката Темза, во Лондон.

a1d1ff43-7858-43f1-9ccb-6797c0dd7967