[Галерија] Визуелен експеримент во Градски парк: „Каде ја загубивме човековата поврзаност?“

Визуелен експеримент спои повеќе граѓани вчера во стариот дел од Градскиот парк. Нивната задача беше да се гледаат очи во очи со непознат, да го запознаат без телефоните во рака, седејќи мирно на едно место и без зборување.

Целта беше да се поврати изгубената врска меѓу луѓето и да потсети на најчистата и најискрена форма на невербална комуникација.

Тремата брзо исчезна, па присутните се навикнаа на идејата тивко да ги запознаваат луѓето кои седат наспроти нив.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата низ фотографиите на Филип Неделковски.