[Галерија] Уметник создава минијатурни филмски авантури

Мексиканскиот фотограф Феликс Хернандез пред три години започна рачно да изработува минијатурни скулптури кои ги поставува во одредена ситуација.

Користи секојдневни материјали и играчки како реквизити за да создаде фотографии кои го транспортираат гледачот во друг свет. Со комбинирање на неговите техники за правење модели, фотографијата и пост-продукциските вештини, Хернандез е во состојба да конструира фотографии кои изгледаат како филмски авантури.

„Мислев дека е кул начин да се раскаже приказна без да потрошите премногу, па дури и да не излезете на некоја локација“, објаснува тој. „Нешто што можете да го направите во мало студио или дури и во просторија во вашиот дом“.