[Галерија] Уметник ги преобразува пешачките премини во Мадрид во шарени ремек-дела

Уметникот Кристо Гелов сакал вообичаените пешачки премини во Мадрид да ги претвори во нешто убаво, во што ќе уживаат сите минувачи.

Бугарскиот уметник кој живее во Шпанија ги создал шарените пешачки премини како дел од неговиот серијал Funnycross, работејќи со палета од светли бои за да наслика интересни геометриски шари на улиците низ градот.