[Галерија] Супермесечината од различни страни на светот

Минатата ноќ, месечината беше најблизу до Земјата и најсветла во изминатите 68 години.

Невообичаено големата и светла месечина изгледала највпечатливо од Азија, после самиот залез на сонцето, но ентузијастите за астрономија можеле да го гледаат природниот сателит на Земјата од сите страни на планетата, поради погодните климатски услови.

Феноменот се случува кога месечината е полна и се наоѓа на својата најблиска точка до Земјата на месечната орбита.

Месечината минатата ноќ била најблиску до Земјата од 1948 година, на 356509 километри.

Од Индија до Австралија, ентузијастите и фотографите ги барале најдобрите точки за гледање на месечината во регионите каде феноменот бил најдобро видлив.