[Галерија] Спроведена нова акција на „Чист Охрид“

Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ вчера ја спроведе 28-та акција за чистење под мотото „Да го исчистиме нашето соседство“.

Локацијата кај зградите спроти Пожарната станица беше одбрана по претходно посочување од загрижени граѓани.

„Со оваа акција беше опфатена околината на зградите наспроти Противпожарната станица, на истата се приклучија 15 ентузијасти и беа собрани 15-на вреќи отпад. Интересно е да се напомене дека на локацијата беа забележани премногу отпадоци од еден ист производ, што не води до тоа да размислиме дека едно исто домаќинство го создава тој отпад, со што се јавува потреба од активирање на локалните комунални редари“, велат од „Чист Охрид“.

„Чист Охрид“ најавува и во наредниот период ќе продолжи со акциите за чистење како и со мини-серијалот наречен „Да го исчистиме нашето соседство“ коj би се одржувал во близина на згради и живеалишта.