[Галерија] Собир на Водно – Борбата за шумата не е изгубена, здравјето е поважно од профитот

Борбата за Водно се уште не сме ја загубиле, овде сме и ќе продолжиме да се бориме, порачаа активистите од иницијативата „Го сакам Водно“, кои денеска се собраа на врвот на планината. Ги повикаа скопјани да им се придружат и самите да се уверат каква шума ќе биде уништена ако Владата не се откаже од идејата гасоводот за Тетово и Гостивар да минува по сртот на планината.

Поддршка на иницијативата и дадоа голем број граѓани, од сите генерации, кои се собрраа на врвот на Водно, од каде се упатија кон „местото на злосторот“, како што го наркуваат активистите местото каде багерите веќе уништија дел од шумата.

Претходно граѓаните си делеа зелени панделки и пишуваа пораки на големиот банер „Не низ Водно“.