[Галерија] Шепаста револуција: Правда за животните, казна за трујачите

Група граѓани денеска маршираа од Собранието во Скопје до Влада барајќи да сопре труењето на животни. Повод се последните случаи на труења во Охрид и Струга.

„Доста е, правда за животните, казна за трујачите. Живот за животните. МВР да ги разреши случаите на труење“, се дел од пораките кои беа упатени.

Тие бараат Законот за благосостојба на животните да важи и да функционира. Пред Собранието оставија црни кеси кои ги симболизираат телата на отруените животни, по што се упатија кон Влада.

 

View this post on Instagram

 

Од денешниот протест против труењето на животните

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

„Во последниот месец има над 50 случаи на труење во цела држава. Меѓу кои има и пукани, исечени и задавени, а има и обесени. Почнавме со Охрид. Нели бисер на балканот, заптитен од УНЕСКО… Дестинација за многу туристи. Потоа, истите тие кучиња кои се галеа со туристите беа отруени. Дали со отров ќе привлечеме туристи“, рече еден од активистите.

„Се е пријавено, никој не реагира. Немаме поддршка ни од полиција ни од Агенција за храна и ветеринарство. Се смејат кога ќе пријавиме бесење на животно“, надополни друга активистка.

„Доста веќе со отровот. Сакате ли и вашите деца да се отрујат“, прашаа учесниците на протестот.

Денешниот протест, насловен „Шепаста револуција” е само почеток, велат организаторите. Следниот го најавија за во четврток, повторно пред Собрание во 17:30 часот.

Е.П

Фото: Радио МОФ