[Галерија] Прикриената Јапонија во Скопје

Ова е серија на фотографии направени од Зорица Петкоска и Лилика Стрезоска во Скопје. Целта на фото-проектот е да ја покаже врската помеѓу Скопје и Токио, со тамошниот уличен стил.

„Она што ја поврзува модернистичката архитектура во Скопје со Токио е тоа што градскиот план е направен од јапонскиот архитект Кензо Танге и неговиот тим по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година. За жал, планот никогаш не се спроведе целосно, а архитектурата од овој период е запуштена. Она што ја одржува врската со Јапонија се љубителите на јапонската поп култура. Овие девојки и момци се љубители на јапонската хараџуки улична мода и направија настан во Скопје, во организација на Оливера Младеновска“, пишува Петкоска за Bored Panda.