[Галерија] Победниците од британскиот конкурс за најдобра фотографија од дивината

Годишните победници од британскиот конкурс за најдобра фотографија од дивината неодамна се познати. Учесниците можеа да испратат фотографии на неколку теми, а на крај, беше избран победник од секоја од категориите – однесување на животните, портрети на животни, урбана дивина, и еден главен победник на натпреварот.

Наградите првпат беа доделени во 2009 година, со цел да ги мотивира фотографите во Велика Британија, но и да го претстави биодиверзитетот, видовите и живеалиштата пронајдени во Британија.

Џорц Стојл е главниот победник на годинашниот фото-натпревар, со неговата фотографија „ Островот Хирта“ во Шкотска.

„Јас работев на проект за Шкотското национално природно богатство, за да се процени моменталниот биолошки статус на големите морски пештери околу некои од најоддалечените острови во Велика Британија“, изјави тој.

„На едно од нуркањата, кога пливав назад кон бродот, дојдов лице в лице со најголемата медуза која некогаш сум ја сретнал. Како што се приближував внимателно, забележав голем број на мали риби кои беа засолнети во внатрешноста на нејзините пипала“, додава Стојл.

Победничката фотографија на Џорџ Стојл

Во продолжение, погледнете ги останатите победнички фотографии по категории: