[Галерија] Пат околу светот преку фотографиите на Витолд Зиомек

„Во 2017 година ја грабнав камерата и почнав да патувам. На дневна база, продавам сувенири во Платнената сала – еден од главните споменици во Краков, мојот роден град, но еднаш месечно ја комбинирам работата со патувањата“, вели полскиот фотограф Витолд Зиомек, кој објави своја галерија преку Bored Panda.

Тој посочува дека патувал во Исланд три пати, исто така бил во Австрија, Италија, Словенија, Португалија, Мароко, Тајланд и Мјанмар. Многу патува и низ својата Полска.

„Планирам да одам во САД, Јордан и Лофотен. Подоцна планирам да го пропатувам Балканот и Европа во едно движење. Дури добив некои луди идеи како патување од Полска до Виетнам со автомобил“, посочува тој.

Досега има победено на неколку фото конкурси, а оваа галерија е само прилог од страста во неговиот живот: